Сончево и многу топло, од пладне со мала до умерена облачност е прогнозата за утре од Управата за хидрометеорологија. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде 10.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

И во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на оваа работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Промена на временската состојба се очекува од петок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.