Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров и Сарај.

Од 05:00 до 07:00 часот, без струја ќе биде дел од село Волково во Општина Ѓорче Петров и селата Кондово, Горно и Долно Свиларе, Грачани, Радуша, Дворце, Копаница, Рашче, Бојане, Сарај, Глумово, Грчец, Шишево, Арнакија, Паничар и Раовиќ во Општина Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во понеделник, на 11 септември, без струја ќе бидат дел од општините Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош.

Од 08:30 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ во Општина Аеродром, од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од нас. Волково, поточно улиците бр. 22 и бр. 60. во Општина Ѓорче Петров, а од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Ванчо Мицков во Општина Карпош, соопштуваат од РЦУК на Град Скопје.

Во вторник, на 12 септември, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Илинден.

Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците „Московска“, „Лондонска“, „Бриселска“ и „Гаврил Лесновски“ во Општина Карпош, а од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од село Марино во Општина Илинден, се наведува во соопштението од РЦУК на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.