УХМР соопшти дека времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта нестабилноста ќе се прошири на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
И утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во сабота и недела во поголем дел од денот ќе има стабилизирање на времето. Во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.