Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од СВР Тетово, дека на 10, 11 и 12 јуни, во период од 07.00 до 15.00 часот, ќе се изврши бојно гаѓање од страна на припадниците на тетовската полиција на стрелиштето „Еребино“, Општина Желино.

Се известуваат граѓаните дека во тој реон ќе се слушаат детонации од гаѓањето, а потоа ако пронајдат одредени неексплодирани проектили, да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку едноставно да ја пријават нивната локација на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи.
Потоа, неексплодираните убојни средства ќе бидат безбедно пренесени и неутрализирани од страна на надлежните служби и институции од Системот за управување со кризи (СУК)., известува ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.