Поради најавата за снег и температури околу и под нулата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните доколку немаат неопходна потреба попладнево и вечер со своите возила да ги избегнуваат сите планински превои и други вообичаени критични точки при снежни врнежи.

Граѓаните доколку патуваат да користат (или со себе да носат) зимска опрема, препорачуваат од ЦУК.

Ги повикуваме возачите на тешки товарни возила да бидат исклучително совесни и внимателни, да користат зимска опрема и да ги почитуваат сите евентуални препораки и забрани од МВР, објави ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.