Поради свлечиште целосно е во прекин сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – село Луке.

Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин во двата правци од 21:00 часот.

По денешните интензивни врнежи од дожд забележан е зголемен водостој на реката Пчиња во Пелинце и на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред вливот во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, информира ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.