Утрово е посвежо, а преку ден, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура е во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така, утрото е посвежо, а преку ден ќе биде сончево и релативно топло време. Минималната температура се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени Целзиусови.
Слично време нѐ очекува и утре, додека за во вторник и во среда, најавено е преодно наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни, со услови за појава на грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.