Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари, Собор на св. Јован Крстител. Според тоа што неговата улога била најважна на вчерашниот ден, односно Богојавление, црквата го има доделено наредниот ден во чест на крстителот на Исус.
Се верува дека на овој ден Св Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.
Јован Крстител се смета за светец-заштитник на пејачите, музичарите, кројачите, кожарите, крзнарите, траперите, гостилничарите, ножџиите, брусниците, затворениците, осудените на смрт, одгледувачите на птици, епилептичарите, крштевките.
Нашите предци верувале дека на денот на Свети Јован со помош на овој светител се случуваат разни чуда, па оттаму потекнуваат многу народни обичаи.
На Свети Јован верниците не се веселат, а по можност и во раце не треба да се зема нож, во знак на сеќавање на страдањето на Јован. Не се јаде и не се пие ништо што е црвено, бидејќи бојата ја симболизира невино пролеаната крв на светителот. Ни јаболко, ни домат, ни праска, ниту црвено грозје. На овој ден треба да се собираат лековити тревки: кантарион, нане, коњска чубура, линцура…
Кај народот постои обичај луѓето да се збратимуваат на Свети Јован, бидејќи Јован се смета за пример за карактер и чесност. Верниците често им го даваат името Јован на своите деца. Се слави славата Св. Јован, но и именден. Се смета дека Св Јован е трета по ред слава која се празнува меѓу семејствата, веднаш по Св. Никола и Архангел Михаил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.