Времето денеска изутрина ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје утрото ќе биде студено со појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштаат под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.