Четврти ден не може да се локализира и изгасне пожарот кој започна кај Пепелиште, Неготино, и ја зафати планината Серта. Алармантна е состојбата со пожарот кај Неготино, а пламените јазици се доближуваат до патот и се загрозени околу 150 куќи во Калањево – објави Фокус.

Мештани кои се доброволно ангажирани околу гасењето на пожарот преку „Фокус” апелираат државата да направи се што е во нејзина можност за локализирање на пожарот, и надлежните институции да испратат што е можно поголема механизација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.