Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 км/ч. Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 8, а максималните ќе достигнат од 17 до 23 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 7, а максималните ќе достигнат до 21 степен Целзиусов.
Во првите два дена од новата седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи од дожд повторно се очекуваат во среда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.