Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во северните делови и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До среда ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемената облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и сабота ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен слаб снег. Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.