Во утринските часови денеска ќе има појава на магла долж Повардарието. Во текот на денот времето ќе биде сончево и потопло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност, во текот на денот сончево со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 25 степени.

Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и потопло време, освен во текот на ноќта кон недела кога ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд. Во сабота ќе дува засилен јужен ветер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.