Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 декември, Собор на Пресвета Богородица, а православните христијани го празнуваат Вториот ден од Божик.
Во Охрид од древноста беше устроено наспроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.
Обичајот вели дека денес треба да се каже следната молитва за да владее мир во куќата цела година и сите да бидат здрави:
„Со твоето раѓање, Христе Боже, осветли ја светата светлина на спознанието Божјо, зашто во таа светлина оние што им служат на ѕвездите се научени да Ти се поклонуваат, Сонцето на правдата, и да Те спознаат од височините на истокот, Господи. слава Ти!“
Обичајот вели дека куќата денеска не се чисти бидејќи во православието Божиќ се слави три дена. А на третиот ден, 9 јануари, се празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.