Следната работна седмица, како што долго време најавувам, ги очекуваме првите посериозни утрински мразеви во регионот, а со тоа и во Македонија. Температурите во поголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а локално ќе се спуптаат до околу, па и под -5 степени.

Во најголем дел од регионот ќе имаме појава на слаб до умерен, понекаде и умерен до јак утрински мраз. И во делови од Македонија во утринските часови во текот на следната работна недела очекувам појава на умерен утрински мраз.

Сепак и порај ова, времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со појава на мала до умерена облачност. Што значи дека во ноќните и во утринските часови не очекува сув студ. Преку ден исто така температурите ќе бидат пониски за 6 до 9 степени пониски во однос на сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Се на се, како што и претходно најавив, овој долго најавуван ладен бран од север, особено ќе го чувствуваме во ноќните и во утринските часови, кога ќе биде особено студено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.