Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околоната променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец. T= 17 °C

Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.ѓќ
=шч



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.