И во следните седум денови во Македонија продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Наутро и тоа особено за време на овој викенд температурите ќе бидат ПОНИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 6 степени.
Максималните дневни температури пак и понатаму ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека во почетокот од следната недела истите ќе бидат УШТЕ ПОВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.
Во Скопје и околината продолжува стабилното, суво и сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 4 и 6 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат до околу 23 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.