– Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, во следните денови и понатаму времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, додека во најтоплите предели истите можно е да се искачат до околу 40 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, и да пијат што повеќе течности. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Повремено во делови од котлината ќе има услови и за појава на нестабилност, а температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 36 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.