Намален притисок или прекин на водоснабдување денеска од 17:00 часот ќе имаат повеќе населени места во Скопје.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека прекинот ќе биде поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче.

Со намален притисок или со прекин на водоснабдување ќе имаат населените места во Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички Центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, Дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.