Утре се празнува Свети Игнат, ден за кој во православната црква се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година.

Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во народот постои верување дека она што ќе правите и ви се случува утре, ќе го правите и ќе ви се случува цела година. Значи каков ви е денот на 2 јануари таква ќе ви биде и годината.

Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне. Се верува дека на овој ден не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.

Вистинските бадникови и божиќни обичаи почнуваат на овој ден и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.