Земјотрес со јачина од 2,5 степени според европската сеизмичка скала утрово во нешто после девет часот, се случи во близина на Студеничани и Драчево. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Во последните три дена серија на земјотреси беа почувствувани во околината на Битола. Епицентрите беа во соседна Грција, во близина на Лерин. Најсилниот 5,6 степени придонесе за пукнатини на ѕидовите и материјални штети. Голем број на жителите на Битола ноќта ја минаа во автомобилите, а афтершокови од земјотресот и натаму се чувствуваат во таа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.