Се шири пожарот меѓу кавадаречките села Бегниште и Кошани, вечерва потврдија за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.
За жал, ветерот е наш противник во овој случај и упорно го разгорува и проширува пожарот. На терен имаме седум пожарникари со три возила на кои им помагаат и жители од село Бегниште, дополнително е повикан и приправниот тим на ТППЕ и побарана е интервенција од Ј.П ,,Македонски шуми”. Ги замолуваме граѓаните на внимателност, рекоа од Противпожарната единица.
Оттаму потсетија дека денеска ТППЕ Кавадарци, имаше интервенција на три локации на отворено – ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село Бегниште – Кошани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.