Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови од државава ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.
Од УХМР најавуваат дека во наредните денови следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе достигнува 40 степени.
Во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во четврток кога ќе има услови за краткотрајно невреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.