На граничниот премин Богородица без проблеми и совообичаена динамика за овој период од годината, се одвива протокот на патници. Истотосе однесува и за ГП Евзони на грчка страна, соопштија од МВР, откако утринава на краткопаднал системот на двата гранични премини-Евзони и Дојрани и беа објавени информациидека се создадени долги километри за влез и излез од Грција.
– Бевме известени од грчките колеги дека околу 8 часот утринава во период од 15-
тина минути бил во прекин системот на Граничниот премин Евзони, по што проблемот бил
надминат и протокот на патници до овој момент се одвива со вообичаената динамика,
информираат од МВР.
Додаваат дека од македонска страна се преземаат сите мерки и во функција се
ставени сите човечки и технички капацитети за непречен проток на патници.
Инаку, и од камерата на ЈП за државни патишта може да се забележи дека нема
застој и излегувањето од државата тече нормално.рт/цр
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.