Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд претпладне. Во јужните делови претпладне врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен северен ветер кој повремено ќе достигне брзина над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, слично време со повремени врнежи од дожд и засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во следните денови, времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури во четврток и петок. Дневните температури од сабота ќе бидат во позначителен пораст. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се очекува во недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.