Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено во северните делови од земјата ќе има услови за повремен пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер.

Минималните температури се спуштија до шест, а максималната ќе се искачи до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно. Во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи. Минималната температура се спушти до 11, а максималната ќе биде до 23 степени Целзиусови.

Во текот на утрешниот ден ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.