Времето денеска претпладне во западните делови ќе биде променливо облачно, а по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, а во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје претпладне ќе биде со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток времето ќе биде стабилно, освен во вторник во утринските часови кога претежно во западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност.
Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во петок во текот на денот и во сабота врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.