Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, во источните делови на места ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и ветровито со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од петок ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.