Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 25 степени.
За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во недела попладне и во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе допринесе дневната температура во понеделник да опадне за 4 до 6 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.