Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа со брзина над 70 км/час). Минималната температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 12 до 19 степени.
Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 16 степени.
Според УХМР, под влијание на влажен бран до понеделник претпладне времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 35 литри на метар квадратен за целиот период). Потоа до средината на следната седмица ќе преовладува стабилно време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.