Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 21 степен.
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни и над 20 литри на квадратен метар и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец со брзина од над 60 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.