Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде од 4 до 14, а максималната од 15 до 21 степен.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Според УХМР, до недела ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време. Утре ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а во петок и сабота слаб локален дожд претежно во западните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.