До 15 јули е продолжена времената измена на режимот на сообраќај на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.
Како што информира АМСМ, продолжувањето е согласно Одобрението издадено од страна на Министерството за транспорт и врски, поради изведба на грaдежни активности што ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.