Противпожарните тимови вчера интервенираа на три пожари на отворен простор и сите ги изгаснаа, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие гаснеле пожар на отворено од 19:20 до 21:05 часот.  Три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалени отпадоци на површина од околу 500 квадратни метри во населбата Шуто Оризари.

Скопските пожарникари имале и уште една помала интервенција во тој предел.

Шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струга од 6:56 до 10:30 часот со три противпожарни возила гаснеле запалено складирано сено на влезот во село Мислешево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.