Шумскиот пожар кој во средата доцна навечер избувна во атарот на село Туин кичевско, се уште не е изгаснат. Според информациите од ШС „Лопушник“, и покрај интервенцијата на нивни екипи, пожарот во однос на претходните два дена е проширен и на нов шумски појас и се протега на повеќе од два хектари.
-Пожарот кој од средата навечер е активен во атарот на село Туин кичевско и со кој се опфатени ниско стеблеста шума и сува трева се уште е активен. И не само што е активен, туку пожарот поради сушата и ветерот е проширен и покрај интервенцијата на наши екипи во текот на денешниот и вчерашниот ден, рече Анета Спасеноска одговорно лице за пожари во ШС „Лопушник.“
Таа посочи дека и во текот на утрешниот ден екипи на ШС„ Лопушник“ со прирачен алат ќе бидат присутни на местото на пожарот и ќе превземат дополнителни мерки за да се локализира огнената стихија.
Бидејќи се работи за тешко пристапен терен, до истиот не можат да пристигнат возила од ТППЕ Кичево, што беше потврдено денеска од нивна страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.