По повеќе од десет дена застој, од вчера попладне во 14:30 часот повторно сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола преку Велес и Прилеп и обратно.
Возот, кој, како што велат од ЈП „Македонски железници“, не сообраќаше поради расипана локомотива, утрово во 5:46 часот, од Битола пристигна на Железничката станица во Велес на радост на голем број патници и тргна повторно на релацијата за Скопје.
Попладнево во 14:30 часот, возот тргна од Железничката станица во Скопје, а во 15:20 минути од Велес ќе продолжи кон Прилеп и Битола, информираат од Железничката станица во Велес.
Патниците од Велес, Прилеп Битола, Скопје и попатните станици бараат од МЖ повторно да се вратат и другите два воза, кои сообраќаа на оваа релација Скопје-Битола и обратно, а кои беа укинати пред околу два месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.