Поради верскиот празник Задушница, денеска ќе има посебен режим на сообраќај кон и од Градските гробишта „Бутел“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од 6.00 часот сообраќајот кон гробиштата „Бутел“ се одвива во една насока (кружно), односно сите возила се упатуваат по ул. „Бутелска“, лево по ул. „Александар Урдаревски“, лево по ул. „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта „Бутел“.
За излез од гробишта, пак, возилата ќе се движат десно по ул. „Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул. „Бутелска“ и десно по ул. „Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај се воведе и во околината на гробиштата Камник и Ѓорче Петров.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, се наведува во известувањето на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.