По повод доаѓањето и престојот во Тетово на висока делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија предводена од Абдулах Бин Мухамед Ал Шеикх, утре (четврток ) од 5 часот и 30 минути во Тетово ќе се воведе посебен сообраќаен режим, информираат од СВР Тетово.
Изменетиот режим ќе се однесува и применува на улицата „Маршал Тито“ од влезот – излез на Тетово до градскиот плоштад и обратно, потоа на потегот од
градскиот плоштад до крстосницата со улицата „Браќа Миладинови“ и обратно и на улицата „Браќа Миладинови“ на потегот од крстосницата со улицата
„Илинденска“ до крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“.
Посебниот режим ќе се применува до 12 часот.
Во овој период се апелира до граѓаните без поголема и неодложна потреба да не се движат со нивните возила во овој дел од градот или да ги паркираат на споменатите улици, да имаат трпение и целосно да се придржуваат на наредбите и насоките од полициските службеници на СВР Тетово. Со тоа, граѓаните најнепосредно ќе придонесат да не се наруши непреченото и безбедно движење на гостите од Саудиска Арабија, и воопшто нормалното одвивање на сообраќајот во Тетово, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.