Поради одрон на карпа кај кичевското село Малковец, од попладнево од 18 часот сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид на ова место се одвива само по една коловозна лента.
Како што соопшти АМСМ на терен е излезена екипа на единицата за Безбедност на патниот сообраќај – Кичево.
На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од вторник, па во следните шест месеци регионалниот пат Струга – Дебар ќе биде целосно затворан за сообраќај во периодот од 10 до 14 часот, поради градежни активности за санација на свлечишта на кај селата Глобочица и Луково
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.