Поради кибер нападот повторно се појавија проблеми со ТИМС системот во Албанија, овој пат главно на граничните премини во југоисточниот дел на земјата, на албанско – македонската граница.
На граничните премини Горица-Стење, кај Ресен и Ќафасан кај Струга, се работи со рачни регистри, а не со технолошки систем.
Според албанските медиуми на Ќафасан, кој е најфреквентен на границата со Македонија, поради проблемите вработените се принудени да работат со рачни регистри, додека од вчера наутро рачно се работи и на преминот Горица.
Исто така во различни периоди овој систем целосно блокиран е и на други гранични премини. Полицајците се должни во тие моменти да работат со регистри и рачно ги евидентираат патниците на влез и излез.
Од друга страна, двата внатрешни полициски системи, АДАМС и МЕМЕКС, каде со години се евидентираа главните податоци за криминалците, сè уште се вон функција на целата територија на државата.
Тие се блокирани од вечерта на 9 септември откако хакери финансирани од Иран го нападнаа и системот ТИМС на граничните премини.
Тоа беше втор кибер напад врз Албанија, по оној на 15 јули врз владините системи, кои останаа вон функција три недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.