Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според најавите од УХМР, до петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а утре ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.