Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува возачите дека од 15.11.2024 започнува законската обврска за поседување и носење на зимската опрема во возилата, а која ќе
важи до 15 март следната година.

На возачите им се препорачува да имаат зимски гуми со длабочина на сечење од 4 до 6 милиметри, во зависност од тоа за кои гуми станува збор, и синџири доколку користат летни гуми. Истото важи и за камионите, додека автобусите е предвидено да поседуваат и лопата.

СВР Тетово ќе ги зајакне контролите и на возачите кои нема да ја почитуваат законската обврска и нема да ја поседуваат задолжителната опрема ќе бидат изрекувани глоби од 45 евра во
денарска противвредност, согласно член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во случај на влошување на временските услови, пообилни врнежи од снег и слично, возачите без ваква опрема ќе бидат исклучувани од сообраќај, особено доколку се движат кон Стража, Маврово или Попова Шапка. Ова со цел да не се создаваат непотребни пречки на патот и да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот во регионот и пошироко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.