Како што метеопрогнозерот Славчо Попоски најави вчера, нашата територија денес се наоѓа под влијание на постудена воздушна маса од север која услови северен и североисточен ветер, како и намалување на температурите на воздухот.
Токму ова услови да пристигне и првиот снег за оваа сезона на Попова Шапка. Шапка денес се наоѓа под тенка снежна покривка и скијачкиот центар изгледа прекрасно!
Инаку и во следните часови на пониските места (градовите) се очекуваат повремени локални послаби врнежи од дожд, додека на планините во западните предели (над 1600 м.н.в) ќе има повремени послаби врнежи од снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.