Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, а на планините и на некои од повисоките места претежно во северните делови од земјата ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час.

Минималната температура е во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ноќта кон понеделник повремен слаб снег ќе има на планините и понекаде на повисоките места во северните делови. Потоа ќе биде студено, стабилно и се посончево. Утринските температури значително ќе опаднат преку неделата, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Ветерот ќе остане претежно северен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.