– Во следните денови, односно до среда времето во Македонија ќе се задржи сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Само денес ветерот повремено на некои места ќе биде засилен на инензитет и од западен и југозападен правец. Температурите ќе бидат речиси летни и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски во својата прогноза за Еспресо.мк.

И во Скопје и околината времето во следните неколку денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 26 степени.

Веќе од четврток следува променливо облачно време со сончеви периоди, но и со повремен локален дожд и ретки грмежи, додека температури ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.

НАПОМЕНА: Во следните часови од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.