Почнувајќи од утре (недела), па во текот на следната седмица, територијата на Балканот, како и на Македонија, ќе бидат под влијание на значително постудена воздушна маса од север и од североисток на Европа. Во ваква ситуација кај нас температурите ќе опадната за 6 до 9 степени во однос на оние кои ги имавме досега.
Во регионот температурите ќе опаднат дури за околу, па и за повеќе од 10 степени.
Особено студено ќе биде наутро, кога на многу места од Балканоот ќе има појава на јаки мразеви, особено на планинските места. Во Македонија ќе има појава на умерени мразеви
Тоа значи дека температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под -5 степени.
Сè на се, пред нас е многу поладен, но сув период, токму поради ова ви препорачувам доколку излегувате наутро, задолжително со себе да си ја понесете топлата облека, поради тоа што и тоа како ќе ви биде потребна, информира Славчо Попоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.