Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура е во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура се спушти до 4, а максималната ќе достигне 15 степени Целзиусови.

Во почетокот на следната седмица на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи.

Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер, кој локално ќе достигнува брзина од 70 километри на час. Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.