Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Како што информира УХМР, во текот на неделава времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Во попладневните часови на места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.