Времето денеска ќе биде променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени, известуваат од УХМР.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 17 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.