Продолжува стабилното време со релативно високи дневни температури, освен по одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, каде ќе има појава на магла или ниска облачност и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.
Прогноза за 30.12.2022
Минимална температура: -3 до 5°C
Максимална температура: 9°C до 14°C
Променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност и со слаб претежно западен ветер.
Прогноза за 31.12.2022
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 9°C до 16°C
Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Прогноза за 01.01.2023
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.